Kомпанијата започнува со работа на 01.01.2007 година, составена од тим на искусни професионалци, докажани експерти за угостителска опрема, разладна опрема, опрема за перални и опремување на секаков вид јавни и приватни објекти.
Препознатливиот стил на работење кој се отсликува со 24 часовна посветеност на потребите на нашите клиенти, нѐ прави поразлични од компаниите со сличен профил и ја поставува нашата компанија на врвот на регионот.
Клучен принцип на нашата корпоративна филозофија е да ги задоволиме нашите купувачи со производи од доверба кои се карактеризираат со квалитет, ефикасност, технички прогрес и оптимални перформанси.
Нашата цел е да обезбедиме и да понудиме производи кои ќе ја поедностават работата на тие што ја користат како и подигање на стандардите на угостителска опрема.